Со Политикатата на приватност, ќе ви објасниме каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на нашата интернет страна. Оваа политика на приватност се однесува само за нашата веб страна: kinderlend.mk.
Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:
1. Видови на податоци кои ние ги собираме.
2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци.
3.Што се колачиња (cookies анг.) и зашто ние ги користиме.
4. Како Kinderlend ги користи податоците.
5. Кога и како Kinderlend открива податоци.
6. Како Kinderlend ги собира податоците.
7. Безбедност на податоците .
8. Промена на Вашите податоци.
9. Социјални мрежи.
10.Директен маркетинг.
11. Приватност на трети страни.
12. Политика за заштита на лични податоци за деца (малолетни лица).
13. Терминологија.
14. Време на чување на собраните податоци.
15. Вашите права и контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци.
16. Промена на политиката за приватност.
17. Офицер за заштита на лични податоци.
18. Контакт и поплаки.
Напомена: Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци, бидејќи со пристапување или користење на нашиот веб сајт се согласувате на оваа Политика и услови за користење на нашата веб страна. Доколку не се согласувате со овие услови, не го употребувајте нашиот веб сајт.
1.ВИДОВИ ПОДАТОЦИ КОИ ГИ СОБИРАМЕ
Секој корисник при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност.
Доколку се регистрирате, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат за потребите за достава на производот, реализација на плаќањето, како и за рекламирање на производи и услуги обезбедени од наша страна, доколку ја имате избрано оваа опција, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачка ги издвојуваме:
– Име и презиме
– Е-mail адреса
– Адреса за испорака на нарачката
– Поштенски код
– Телефон за контакт.
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или услуга од нас или од нашите бизнис соработници, додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас или нашите бизнис соработници, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас или нашите бизнис соработници повратни податоци, барање податоци за нашите услуги. Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број. Кога ќе нарачате производ или услуга, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на Комерцијална банка. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.
Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме производи и услуги, за да го подобриме работењето на веб-страната, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-страната, да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци. На пример, ако испратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страна. Вашите коментари може да содржат лични податоци како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред објавувањето на Вашиот коментар пред јавноста. Покрај тоа, ако ја користите нашата веб-страна да испратите информација или производ на друго лице, може да ги зачуваме вашите лични податоци. Ние, исто така може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.
НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето што го поминувате на секоја страна, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата веб страна, типот на пребарувачот, верзија и plugins што ги користите, вашиот Интернет протокол (“IP”) адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел. Ние, и / или нашите овластени трети странки Бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како “Cookies” и Web beacons или Пиксел тагови, како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Политика за заштита на лични податоци.
2.ИЗБОР НА КОРИСНИКОТ ЗА ЗАЧУВАВАЊЕ И УПОТРЕБА НА ПОДАТОЦИ
Податоците се користат исклучиво за добри намери и цели со цел да се подобри вашето искуство. Вие секогаш можете да ги ограничите податоците кои ги давате, како и комуникација на Киндерленд која ја има со вас.
Е-маил промотивни маилови
Доколку се пријавите да добивате каталози, новите во врска со нашите производи, ќе го добивате исклучиво на вашиот маил кој сте го оставиле лично вие. Ако не сакате да добивате Промотивни Пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки со притискање на “отчлени се” копчето на дното од било која од нашите е-пораки и потоа следете ги инстукциите за да го комплетирате отчленувањето.
3. ШТО СЕ КОЛАЧИЊА (cookies анг.) И ЗАШТО НИЕ ГИ КОРИСТИМЕ
Колачиња и други технологии
Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со подесување во самиот пребарувач. Пребарувачите се различни, затоа следете ги инструкциите на пребарувачот зависно кој го користите. Истото може да го подесите и од Вашиот паметен уред доколку ја користите апликацијата со подесување зависно од мобилниот уред. Кога ке дојдете на нашио сајт или ги користите нашите услуги, Kinderlend и трети лица, авторизирани од наша страна собираат колачиња кои содржат податоци за вас. Оваа страна ја објаснува политиката за користење на колачиња и слични технологии во Kinderlend.mk (Кидо-Ленд Дооел, Скопје) на нашите веб страни и други онлајн и мобилни апликации.
Ги користиме овие технологии за да ги администрираме нашите страни, да анализираме трендови, да ги следиме активностите на корисниците и со тоа да овозможиме персонализирани промотивни пораки и реклами. Оваа страна објаснува што се технологиите и вашите права за промени и контролирање на употребата на колачињата. Кога прв пат ќе пристапите на било која страна на Kinderlend.mk може да добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња. Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време (Како да ги контролирате колачињата, содржано подолу во текстот). Може да ги промените подесувањата на вашиот пребарувач за да ограничите или забраните колачиња и можете да ги избришете од било кој уред во било кое време. Ако не се согласувате или ги избришете колачињата некои делови од нашиот сајт кои ги пристапувате може да не фукционираат како што треба или да им треба многу повеќе време да се отворат.
Што е политика за колачиња
Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате веб сајтот. Кога следен пат ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференции и други информации но не можат да читаат ваши податоци или информации од вашиот храд диск или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови.
Колачињата кои што се директно поставени од сајтот (Kinderlend.mk) се нарекуваат “колачиња од прва страна”. Колачињата поставени од други страни се нарекуваат “колачиња од трети-страни”. Колачињата од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, фукнции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на Kinderlend и Kinderlend нема контрола врз нив и како тоа ке бидат истите искористени.
Зошто се користат колачињата?
Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на апликациите и веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да препознаваат корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.) но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците.
Оваа веб-страница употребува различни видови колачиња. Некои колачиња се поставени од трети сервиси кои се појавуваат на нашите страници се со цел за оптимизирање на вашето искуство на Kinderlend.
Колачиња што ние ги користиме:
Неопходни колачиња (necessary cookies). Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира исправно. Претпочитани колачиња (Preference cookies). Претпочитаните колачиња ѝ овозможуваат на веб-страницата да ги запомни информациите кои го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример Вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате.
Статистички колачиња (Statistical cookies). Статистичките колачиња ни помагаат да разбереме на кој начин посетителите комуницираат со веб страната преку анонимно собирање на информации. Маркетиншки колачиња (Marketing cookies). Маркетиншките колачиња се употребуваат за следење на посетителите низ веб-страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и привлечни за поединечниот корисник. Врз колачињата поставени од трети лица, Kinderlend нема никаква одговорност ниту надлежност и ве советуваме да ги прочитате политиката за приватност и политиката за колачиња на нашите соработници и партнери за зголемување на вашата сигурност. Колачиња за перформанси и функционалност. Овој тип на колачиња се однесува на следењето за тоа доколку повторно се вратите на нашиот сајт. Овие колачиња содржат неопходни информации, на пример од кој град пристапувате кон Kinderlend. Важно е да се напомене дека овие колачиња не се неопходни и не влијаат врз вашето искуство при посетата на нашиот сајт. Social Media колачиња. Овие колачиња дозволуваат да ги интегрираме функциите од социјалните медиуми на нашиот сајт, а исто така може да се користат во маркетиншки цели. Колачињата кои што се поставени од Kinderlend се во наша надлежност, но колачиња поставени од трети лица, во овој случај социјалните мрежи, не се во наша надлежност и Kinderkend нема никаква одговорност спрема користењето на податоците приберени од третите лица. Ве советуваме за подобра информираност да ги пребарате и прочитате политиките за колачиња и приватност на овие трети лица за подобра ваша сигурност.
- Cookielawinfo-functional– 1 година-Колачето е поставено со согласност на GDPR колачето за евиденција на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Функционални“.
- Cookielawinfo-necessary– 1 година-Ова колаче е поставено од приклучокот „Согласност за колачиња“ на GDPR. Колачињата се користат за зачувување на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Потребни“.
- Cokielawinfo-performance– 1 година-Ова колаче е поставено од приклучокот „Согласност за колачиња“ на GDPR. Колачето се користи за зачувување на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Перформанси“.
- Cookielawinfo-analytics– 1 година-Овие колачиња се поставени со додаток на WordR Cookie согласноста за WordPress. Колачето се користи за запомнување на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Аналитика“.
- Cookielawinfo-advertisement- 1 година-Колачето е поставено со согласност на GDPR колаче за снимање на корисничка согласност за колачињата во категоријата „Реклама“.
- GRECAPTCHA-5 месеци и 27 дена- Ова колаче е поставено од Google. Покрај одредени стандардни колачиња на Google, reCAPTCHA поставува потребно колаче (_GRECAPTCHA) кога се извршува со цел да обезбеди анализа на ризик.
- _fbp– 3 месеци-Ова колаче е поставено од Фејсбук за да дава реклама кога тие се на Фејсбук или дигитална платформа напојувана од рекламирање на Фејсбук по посетата на оваа веб-страница.
- Fr– 3 месеци-Колачето е поставено од Фејсбук за да им покажува релевантни реклами на корисниците и да ги мери и подобри рекламите. Колачето исто така го следи однесувањето на корисникот низ мрежата на страници што имаат Фејсбук пиксел или социјален приклучок на Фејсбук.
- VISITOR_INFO1_LIVE– 5 месеци и 27 дена- Ова колаче е поставено од Youtube. Се користи за следење на информациите за вградените видеа на YouTube на веб-страница.
- Test_cookie– 15 минути- Ова колаче е поставено од doubleclick.net. Целта на колачето е да утврди дали прелистувачот на корисникот поддржува колачиња.
- IDE– 1 година и 24 дена- Користено од Google DoubleClick и зачувува информации за тоа како корисникот ја користи веб-страницата и која било друга реклама пред да ја посети веб-страницата. Ова се користи за да им се презентираат на корисниците реклами што се релевантни за нив според корисничкиот профил.
- _ga– 2 години- Ова колаче е инсталирано од Google Analytics. Колачето се користи за да се пресметаат податоците за посетителот, сесијата, кампањата и да се следи употребата на страницата за извештајот за анализа на страницата. Колачињата ги чуваат информациите анонимно и доделуваат случајно генериран број за да ги идентификуваат уникатните посетители.
- _gid– 1 ден- Ова колаче е инсталирано од Google Analytics. Колачето се користи за складирање информации за тоа како посетителите користат веб-страница и помага при креирање извештај за анализа за тоа како работи веб-страницата. Податоците собрани, вклучително и бројот на посетители, изворот од каде потекнуваат и страниците се појавуваат во анонимна форма.
- Mailchimp_landing_site – 1 месец- Колачето е поставено од услугата за е-пошта за маркетинг MailChimp.
- YSC– по сесија- Овие колачиња се поставени од Youtube и се користат за следење на прегледите на вградените видеа.
- Cookielawinfo-others- 1 година
Како да ги контролирам колачињата?
Кога прв пат ќе ја пристапите било која страна на Kinderlend.mk може да добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавување дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња.
Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време. Преку подесувањата во веб-пребарувачот може да подесите кои колачиња ќе ги задржите, а кои не сакате да ги задржите. Исто така може да ја исконтактирате компанијата која ги поставила и која ги контролира колачињата. За повеќе информации проверете во подесувањата на вашиот веб-пребарувач.
Пиксел за следење (Web Beacon)
Покрај колачињата користиме и други технологии за да ги препознаеме и следиме посетителите на нашата страна. Web Beacon или пикселот за следење (tracking pixcel) е графичка слика (најчесто еден пиксел) која се пренесува преку пребарувач или HTML email порака, најчесто заедно со колачето.
Пикселите за следење ни овозможуваат, на пример, да следиме како корисниците се движат од една на друга веб страна, како пристапиле на сајтот, дали со кликнување на одредена реклама на Facebook или веб-банер поставен на трета страна-за да научиме и ги оцениме перформансите на рекламите и воопшто на целиот сајт. Исто така може да одберете кои податоци ги споделувате со нас кога се поврзувате со нас преку Социјалните мрежи или апликации.
4. КАКО KINDERLEND ГИ КОРИСТИ ПОДАТОЦИТЕ
Нaшата компанија ги користи собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци со цел:
- работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт и услугите кои ги нудиме, како и други програми;
- понуда на реклами базирани на вашите интереси, push нотификации, комуникација и понуди за производи и услуги од нас и комуникација базирана на геолокација;
- да го олесниме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување;
- да ви одговараме на Ваши барања и прашања;
- анализа и спроведување на истражувања;
- да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи околу Kinderlend.
5. КОГА И КАКО KINDERLEND ОТКРИВА ПОДАТОЦИ
Ние (или нашите “Бизнис Провајдери” во наше име) нема да ги споделиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:
Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци со KINDERLEND продавачи. Бизнис Соработниците чии услуги и производи се промовираат, може да побараат податоци за Kinderlend корисници кои ја купиле понудата, со цел да им помогнат при замената на купоните во производот/услугата. Во овие случаи, ние споделуваме некои од Вашите лични податоци со Kinderlend продавачите. Споделувањето на овие податоци може да му дозволат на Kinderlend продавачот да испраќа реклама директно до Вас, доколку одлучи да го стори тоа. Сепак, ние ќе споделуваме лично идентификациони податоци со Kinderlend продавачот само ако се вклучите во некоја активност која бара идентификација, и само со Kinderlend продавачот кој е вклучен во таа активност за која се барало идентификација. Ние не превземаме било каква одговорност за постапките на Kinderlend продавачите. Ние ги информираме дека им е дозволено да комуницираат со Вас за целите за одредени промоции кои ги склучиле со Kinderlend. Ние немаме никаква одговорност за активностите на Kinderlend продавачот, и активностите на Kinderlend продавачот не се под наша контрола.
Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со овластени трети лица – Бизнис Провајдери. Овие “трети лица – Бизнис Провајдери” извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки, доставување пакети, испраќање поштенски или електронски маил, администрирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на вебсајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние, исто така, може да собираме лични податоци од поединци и претпријатија со кои имаме бизнис односи и може да ги споделуваме Вашите податоци со Бизнис провајдери со цел да се остварат нашите административни задачи. На пример, кога нарачувате некоја услуга, податоците од Вашата платежна картичка се процесираат преку платежниот процесинг систем на Комерцијална банка со цел да се потврди плаќањето и доколку е успешно остварено може да испратиме податоци за вашата адреса на испорачувачот на услугата заради реализација на услугата. Исто така, можеме да дадеме податоци за Kinderlend продавачот на нашата банка со цел да се направи исплата. Ние ги охрабруваме Kinderlend продавачите и третите лица Бизнис Провајдери да ги усвојат и објават своите Политики за заштита на лични податоци. Сепак, употребата на Вашите лични податоци од страна на тие лица е уредена од страна на тие странки во Политиките за заштита на лични податоци и не е предмет на наша контрола.
Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци при трансфер на бизнисот. Како секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од друга фирма. Ако тоа се случи, наследник компанијата ќе се здобие со податоците што ги чуваме, вклучувајќи ги личните податоци. Сепак, личните податоци ќе останат предмет на оваа Политика за заштита на лични податоци.
Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.
Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци со бизнис соработниците, и огласувачите. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со “Огласувачи” или “Маркетинг компании”.
6. КАКО KINDERLEND ГИ СОБИРА ПОДАТОЦИТЕ
Вие ни ги оставате Вашите податоци кога се регистрирате и вршите купување или или на било кој начин имате интеракција со нашиот сајт. Исто така собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења. Покрај тоа собираме податоци и од други извори и на други начини со цел да го подобриме искуството и да ги оствариме маркетинг целите.
Еден таков начин на собирање податоци е преку Колачиња (анг. Cookies). За да се олесни и прилагоди вашето искуство со веб-страница, ние зачувуваме cookies на вашиот компјутер. Колаче е мал текстуален податок кој е складиран на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме колачиња додека ја користитете нашата веб страница со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Колачињата, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале. Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но вие можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач, за да одбиете зачувување на колачиња.
Други помагала за следење. Ние може да користиме други стандардни технологии како пиксел тагови за да ја следиме Вашата употреба на нашите веб-страници и промоции, или може да им овозможиме на нашите Бизнис провајдери да ги користат овие уреди во наше име. Pixel тагови се мали графички слики поставени на некои страни од нашиот веб-сајт, или во нашите е-пораки кои ни овозможуваат да одредиме дали сте извршиле одредена акција. Кога ќе пристапите до овие страници или ја отворите вашата е-пошта, пиксел таговите генерираат не-лични податоци за таа акција.
Податоци од паметни уреди користиме кога вашиот уред има интеракција со нашиот сајт или апликацијата и кога не сте логирани на нашиот сајт. Ако имате прашања околу безбедноста и политиката за заштита на лични податоци на Вашиот мобилен уред, ве молиме обратете се за информации и инструкции кај Вашиот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности.
7.БЕЗБЕДНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ
Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер, до кои само ние имаме пристап. Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.
Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето, од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Комерцијална Банка која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, едиствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани.
Плаќања преку мобилна апликација: Кога вршите купувања преку мобилната апликација имате опција по Ваша желба да ги зачувате податоците од Вашата платежна картичка, се со цел да се олесни купувањето и да можете со само еден клик да вршите купувања. Овие податоци се зачувани единствено на Вашиот мобилен уред и тоа во енкриптирана форма. Ако телефонот Ви биде изгубен или украден зачуваните податоци нема да бидат видливи на трето лице, единствено штета која може да ви биде направена е ако некој изврши купувања преку мобилната апликација на Вашиот телефон со Вашите зачувани податоци. Процесот на ваков начин на мобилно плаќање ви овозможува лесно купување со само еден клик, а истото е серетифицирано и проверено од компанија за етичко хакирање и безбедност на информациски системи.
8. ПРОМЕНА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ.
Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат. Доколку сакате да го деактивирате или остраните профилот може да испратите барање на info@kinderlend.mk. Сепак деактивирањето на вашиот профил не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности, не можеме да ги избришеме податоците поврзани со изминатите купувања на веб-страната поради евенутален случај на спор, анализи на продажбите, месечни и годишни извештаи.
Ако одберете да ги зачувате податоците од Вашата платежна картичка на мобилната апликација, истите ќе бидат зачувани само на Вашиот мобилен уред и ние нема да имаме никаков достап до истите. Податоците во мобилната апликација именувани “Инфо за платежна картичка” можете да ги промените и избришете во било кое време. Истите се чуваат во енкриптирана форма на Вашиот мобилен уред и доколку истиот го изгубите или ви е украден податоците нема да бидат видливи за третото лице. Процесот на ваков начин на мобилно плаќање ви овозможува лесно купување со само еден клик, а истото е сертифицирано и проверено од компанија за етичко хакирање и безбедност на информациски системи.
9. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Друштвени јавни области
Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. На пример, ако ја објавите вашата е-маил адреса заедно со вашето мислење за некој ресторан како коментар, може да добиете несакани пораки поради злоупотреба на Вашата адреса од трети лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.
Поврзување преку социјални мрежи (Facebook, Instagram, Google Plus)
Киндерленд им дава можност на корисниците на социјални мрежи да имаат интеракција со пријателите и да споделуваат информации на своите профили на социјалните мрежи.
10.ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
Вашите лични податоци може да ги користиме за да ви праќаме директни маркетиншки соопштенија за нашите производи и услуги или за нашите поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања на најновите производи и на претстојните настани. Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, или целни интернет-реклами. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за вас, врз основа на податоците што ги имаме за вас.
За цели на Киндерленд нашата обработка на вашите лични податоци за директен маркетинг се заснова врз нашите легитимни интереси, но кога се бара согласност за определена опција според релевантните европски закони, како што се регулативите за приватност и електронски комуникации, ние може да побараме ваша согласност. Вие имате право во секое време да прекинете да примате директен маркетинг. Тоа може да го направите следејќи ги линковите за исклучување на определена опција во електронските комуникации (како што се пораки преку е-пошта) или така што ќе контактирате со нас со помош на податоците од контакт и поплаки.
Исто така, вашите лични податоци ги користиме за усогласување или за персонализирање на реклами, за понуди и содржини што ви се ставаат на располагање врз основа на вашето користење на нашите мобилни апликации, интернет-страници, платформи или услуги и за анализа на перформансите на тие реклами, понуди и содржини, како и на вашата интеракција со нив. Исто така, може да ви препорачаме содржина врз основа на податоците што сме ги собрале за вас и за вашите навики за прегледување.
11. ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ
Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.kinderlend.mk. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.
12. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ДЕЦА (МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА)
Kinderlend не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на Kinderlend изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да вршите купувања на услуги и производи. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 18 години.
13. ТЕРМИНОЛОГИЈА
Бизнис Провајдери, се однесува на трети страни кои изведуваат бизнис операции во име на Kinderlend, како на пример процесирање на трансацкии, комуникациски сервиси (е-маил, испорака на пратки и сл.), маркетинг, процесирање на податоци и аналитика, платформи за рекламирање или информациско-технолошки услуги и сл.
Бизнис Соработници, се однесува на трети страни со кои соработуваме како што се компаниите чии понуди се промовираат, маркетинг агенции, дистрибутери и продавачи.
Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите веб сајт, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред.
Не-лични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди.
Друштвени јавни области, се однесува, збирно на сите наши страни и на социјалните мрежи, форуми, теми за дискусија и коментари на понудите и други методи на комуникација кои може да бидат овозможени или поврзани преку нашиот сајт.
Колаче, значи единствен идентификатор, најчесто составен од мали битови на текст или код.
14. ВРЕМЕ НА ЧУВАЊЕ НА СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на АЗЛП.
15. ВАШИТЕ ПРАВА И КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате на следниов e-mail: info@kinderlend.mk.
16. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени.
17. ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Офицер за заштита на лични податоци во фирмата Кидо-Ленд Трејд Дооел:
Патриција Костовска Цветаноска
mail:info@kinderlend.mk
контакт број: 071/944-227
18. КОНТАКТ И ПОПЛАКИ
Примарна точка за контакт за сите прашања што произлегуваат од оваа Политика, вклучително и барањата за остварување на правата на субјектот на податоците, е нашиот офицер за заштита на личните податоците. За да може да ги олесниме вашите барања за информации, барања или поплаки, ве молиме контактирајте со нашиот офицер за заштита на лични податоци:
info@kinderlend.mk
Ако имате поплака или прашање во врска со тоа како ги користиме вашите лични податоци, ве молиме како прв чекор да контактирате со нас и ние ќе се обидеме да го решиме прашањето колку што е можно поскоро. Исто така, вие имате право во секое време да поднесете поплака кај вашиот национален надзорен орган за заштита на лични податоци. Ве молиме да се обидете прво со нас да ги решите сите евентуални прашања, иако имате право во секое време да му се обратите на вашиот надзорен орган.