
Улогата на една мајка е грижата за своето дете во сите постоечки области. Така, таа станува посветена мајка, жена, готвач, доктор, медицинска сестра, истражувач, поброник за здрава храна, употребува природни козметички препарати за нејзиното дете и најдобра квалитетна опрема и играчки кои се по сите стандарди.
Уште од најрана возраст децата имаат една навика која на нас родителите ни го скратува животниот век и “не вади од памет” е ставањето на секакви предмети во уста. Многу е важно, покрај вниманието и гледањето на детето што прави во тие моменти, да биде опкружено со играчки кои се безбедни и одговараат со неговата возраст.
Дали некогаш сте прочитале од што е составена играчката, што содржи, дали ги исполнува сертификатите за безбедност?
Овие симболи наведуваат дека производителот изјавува дека играчката ги исполнува сите прописи за безбедност што ги бараат на пазарот.
- CE – European Union toys standard EN71.
- ASTM – American Society for Testing and Materials.
- CHPA – Canadian market toys standard.
- ISO – Australian market toys standard.
- EN71– The EN71 is a set of European Product Safety standards that apply to all toys, sold in
the European Union. The EN 71 also forms a part of the CE directive.

Покрај сертификатите кои треба да се исполнуваат кај нас на пазарот, особено е важно и да знаете да ги прочитате симболите испечатени на задната страна на кутијата од производот.
- Age Warning!
1.Овој симбол укажува дека производот е несоодветен за деца напишани во рамките на симболот односно под 3 години. Обично значи дека на децата не треба да им се дава да играат со тој производ. Во случај може да има ризик од задушување на мали делчиња.
2.Hazard Warning
2.Ова е генерички предупредувачки триаголник, едноставно да се привлече вниманието од опасноста!

3.Овој симбол означува дека материјалот на пакувањето може да се рециклира и дека производителот се придржува кон прописите со кои се уредува овој симбол.

4. Овој симбол е клучен показател за усогласеноста на производот со законодавството на ЕУ, и овозможува слободно движење на производите на европскиот пазар. Со ставање на CE ознаката , производителот се изјаснува на своја одговорност, за сообразност со сите законски регулативи и треба да обезбеди валидност на тој производ да се продава низ целата ЕЕА-земјите членки на ЕУ и земји од Европската Асоцијација за слободна трговија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Турција.

5. Молба до потрошувачите да рециклираат отпад.

6.Овој симбол значи дека производот или неговата амбалажа треба да го одделите од вашиот отпад.
Поздрав родители, сигурно добивте корисни совети.Се читаме наскоро со друга тема.
- За тие што сакаат детално да прочитаа повеќе информации, повелете на линкот:
Напишано од: Киндерленд MK.